Наши Услуги
Законска ревизија
Во согласност со законската регулатива средните и големите ентитети се обврзани да вршат ревизија на своите финансиски извештаи. Законската ревизија е основна постапка која ја потврдува точноста и транспарентноста на финансиските извештаи како и доследност при примена на сметководствените стандарди. Обезбедувајќи усогласеност и веродостојност на финансиските извештаи, законската ревизија го зајакнува кредибилитетот, влева доверба кај инвеститорите и ја поттикнува транспарентноста во деловната средина.
Договорна ревизија
Нашиот тим обезбедува услуги за ревизија и уверување според потребите на нашите клиенти. ПЕРК ви овозможува договорна ревизија на Спогодби и Планови за статусни промени, ревизија за зголемување на основната главнина, ревизија за исплата на аванси за дивиденда, ревизија согласно договорени процедури и определени рамки за известување, како и други ангажмани за уверување.
Проценки
Услуги за вршење проценка на машини и опрема.
Консултантски услуги
Нашиот тим ви нуди консултантски услуги од областа на сметководство, финансии и даноци.
Договорни ангажмани
Покрај нашите главни услуги за ревизија и уверување, нудиме прилагодени решенија за договорни ангажмани како што се длабинска анализа (due diligence), clean team ангажман, поддршка при спојувања и преземања, како и прегледи на внатрешната контрола. Овие специјализирани ангажмани обезбедуваат независност на презентираните резултати и проценки, овозмoжувајќи на нашите клиенти да донесат информирани одлуки.
Финансиско планирање
Резултатите од работењето на стопанските субјекти се детерминираат од повеќе фактори, меѓутоа од аспект на деловните финансии и извршување на финансиската функција, резултатите се детерминирани од рационалноста при користење на финансиските средства. ПЕРК ви помага во процесот на обезбедување, алоцирање и рационално користење на финансиските средства, предвидување на приливите и одливите и контрола на тековните и идните финансиски и деловни настани.