Наши Услуги
Законска ревизија
Во согласност со законската регулатива средните и големите ентитети се обврзани да вршат ревизија на своите финансиски извештаи. Законската ревизија е основна постапка која ја потврдува точноста и транспарентноста на финансиските извештаи како и доследност при примена на сметководствените стандарди. Обезбедувајќи усогласеност и веродостојност на финансиските извештаи, законската ревизија го зајакнува кредибилитетот, влева доверба кај инвеститорите и ја поттикнува транспарентноста во деловната средина.
Договорна ревизија
Нашиот тим обезбедува услуги за ревизија и уверување според потребите на нашите клиенти. ПЕРК ви овозможува ревизија на Спогодби и Планови за статусни промени, ревизија за зголемување на основната главнина, ревизија за исплата на аванси за дивиденда, како и други ангажмани за уверување.
Проценки
Услуги за вршење проценка на машини и опрема.
Консултантски услуги
Нашиот тим ви нуди консултантски услуги од областа на сметководство, финансии и даноци.
Финансиско планирање
Резултатите од работењето на стопанските субјекти се детерминираат од повеќе фактори, меѓутоа од аспект на деловните финансии и извршување на финансиската функција, резултатите се детерминирани од рационалноста при користење на финансиските средства. ПЕРК ви помага во процесот на обезбедување, алоцирање и рационално користење на финансиските средства, предвидување на приливите и одливите и контрола на тековните и идните финансиски и деловни настани.